Пред точно 20 години Кометал Ѓорче Петров, како европски шампион во ракомет за жени, кога гостуваше во Прилеп победуваше со голема разлика. Вечерва како да се врати тоа време. Во рамките на 7. рунда од Б-групата на домашната Супер лига, Ѓорче Петров со 36:19 ја совлада Деспина. Младиот прилепски состав само поведе со 1:0, а потоа скопјанките ја презедоа иницијативата и до полувремето имаа недостижни 17:7. Дали Ѓорче Петров е на пат да се приближи до старата слава?
На табелата води Ѓорче Петров со 21 бод, а Деспина остана на 3. Во следното 8. коло во Штип се среќаваат Астибо – Ѓорче Петров, во Скопје Металург – Деспина.