Како пред две недели, се повтори резултатот на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Тогаш Скопје, сега тимот на Истатов е поразен со 6:1 од домашната Деспина, во 10. коло од фудбалската Прва женска лига на Македонија. Иако гостинките први дадоа гол уште во 1. минута преку Кристина Петрушевска, во останатиот дел од натпреварот доминираше прилепскиот состав. Во 3. минута израмни Србинката Жељана Максимовиќ, а во 45. пресвртот го донесе капитенот Катерина Милеска. Во второто полувреме меѓу стрелците се запишаа Теодора Петровска и Максимовиќ уште трипати. Значи, на овој меч Максимовиќ постигна четири гола!
Во последното 11. есенско коло Деспина игра со Шкендија во Тетово.
.