Нема подобар тим од Мега баскет во машката кошаркарска Трета лига Б-група. Тоа се потврди и вечерва во салата на ОУ „Добре Јованоски“ каде прилепскиот тим со 93:84 го совлада тетовски Тетекс. Домашните, предводени од тренерот-играч Стефан Стевананџија цело време го имаа водството. Ова беше дерби меѓу лидерот и второпласираниот на табелата. Мега баскет ја постигна и шестата победа, во шестиот меч и има максимални 12 бода. Претходно беа совладани и ИБА баскет, Албес, Гостивар 2, Дибра иглс и Спарта.
Во наредното 8. коло Мега баскет е гостин на Хераклеа во Битола.