Победа загуби со 0:6 од Шкупи, но тоа не е единствениот повод за разговори меѓу симпатизерите на прилепскиот клуб. Вчера и денеска може да се слушне од многумина низ градот, фудбалски вљубеници кои се сметаат за добро упатени, дека имало надеж за подобрување на ситуацијата во клубот, со приклучување нови компании. Но никој не спомнува детали, така што останува да се види што ќе се случува во иднина. За волја на вистината, иако резултатите се скромни есенва, Победа е спортски и фудбалски бренд, па не е изненадување секакво интересирање за неа. Публиката, амбиентот, се слики што одушевуваат.
На натпреварувачки план, важен е следниот дуел в недела, пак во Прилеп, со Скопје.