Убедливи 4:0 е резултатот од денешниот осминафинален меч од Купот на Македонија во фудбал за жени. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп, Деспина го совлада тимот на Истатов од Скопје. Стрелци: Јована Павловска во 10, Анастасија Илиевска во 40, Србинката Жељана Максимовиќ во 45 и капитенот Катерина Милеска во 69. минута.
За Деспина претстои првенствен меч во Тетово, со Шкендија.