По два дена спротивставени информации, прво дека Бобан Бабунски ќе остане шеф на Стручниот штаб на Победа до последниот момент оваа година, потоа дека заминал од клубот што се објави на некои портали, рано утрово има најнова порака од стратегот.
-Јас ќе го водам тимот на последниот натпревар во Штип. Потоа ќе седнеме со Управата да видиме кој што сработил и што понатаму – вели Бабунски.
Ова не треба да е изнендување, бидејќи сосема се совпаѓа со она што завчера го најави. Тогаш напиша ваква порака:
-Јас сум се уште едно од „децата на фамилијата Победа“. Имаме уште еден натпревар. Мојата работа гледам да ја завршам што е можно подобро, до последниот момент оваа година.
Значи, Победа со Бобан Бабунски в недела со Брегалница во Штип.