Во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп денеска е последното 9. есенско коло од Б-групата на кошаркарската Трета лига на Македонија. Од 14 часот играат домашниот Мега баскет и Љуботен од Тетово. Се очекува многу публика која цела есен ужива во настапите на прилепскиот тим. Настојувањето е да се постигне максимум овоени бодови 16, односно 8 победи на 8 меча. Денеска е празникот Свети Климент Охридски, неработен ден, па оттука и можноста за полна сала.
Натпреварот е два дена порано од вообичаениот термин поради традиционалниот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ кој стартува в сабота во истата сала.