Се е многу поубаво ако има убав завршеток. Така и есенскава полусезона изгледа убаво за екипата на Прилеп со вечерашниов триумф од 29;27 во Куманово, во 14. рунда од А-групата на Супер лигата. На полувреме прилепскиот тим водеше со 12;11. Со новите три бода Прилеп има 13 и е на 6. место, над неготински Вардар и Куманово.
Успех и на прилепскиоте ракометарки. Вечерва во Б-групата од женската Супер лига, Деспина дома со 28:23 го совлада штипски Астибо. На полувреме беше нерешено 12;12. Со овие три бода Деспина има 9 и на табелата е над скопски Кузман Вардар, а се израмни со Астибо на 5. место.
Натпреварите продолжуваат во февруари 2023.