Понеделник, 9 јануари е денот за почеток на подготовките на Победа за претстојниот дел од првенството во фудбалската Прва лига на Македонија. За точно напладне, во 12 часот е закажан првиот собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп на Управниот одбор со Стручниот штаб и фудбалерите. Според клупска информација, разделбата со Бобан Бабунски е дефинитивна, така што в понеделник во улога на шеф на Стручниот штаб ќе биде Благојче Дамевски, долгогодишен капитен, а досега еден од тренерите.
Од понеделник натаму секако ќе бидат подостапни сите новости околу играчкиот кадар, со оглед на приближувањето на стартот на преодниот рок од 15 јануари.