Фудбал

(ФОТО) ПОБЕДА ПОЧНА, ДОАЃААТ НОВИ АФРИКАНЦИ!

Денеска со подготовките за фудбалската Прва лига на Македонија стартуваше екипата на Победа. Првиот тренинг беше на добро подготвениот терен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, а претходно беше средбата на првиот клупски човек Благоја Гешоски и соработниците со Стручниот штаб и над 20 фудбалери.

– Тренинзи освен на овој терен ќе има во вежбалницата „Картуш“, како и на теренот кај Могилата. Следната недела можно е да заминеме надвор од Прилеп. Закажавме пријателски натпревари со  Феризај, Охрид, Сремска Миртовица, Пелистер, а можно е уште да одиграме со Гостивар и уште некој ривал. Од играчкиот кадар од странство сметаме на Амос, Амо, Ѓурковиќ, а можно е да остане и Џејмс. Деновиве доаѓаат повеќемина Африканци – најави Гешоски.

Тренинзите се под водство на новиот шеф на Стручниот штаб Благојче Дамевски, кому му помагаат Стојанче Дунимаглоски и Дејан Кебакоски, а можно е во Стручниот штаб да остане и Сребре Стефаноски. 

– Не очекува лавовска борба. Целта е опстанокот. Јас  сум убеден дека ќе го оствариме. Услов е мамксимално да се подготвиме – порача Дамевски.

НАУМОСКИ И ПАНОСКИ СЕ ЗАСИЛУВАЊА

Меѓу присутните како засилувања беа претставени Јорданчо Наумоски и Игор Паноски. Тие не се нови, но поради повредите не беа во можност да му помогнат на тимот. Наумоски цела есен отсуствуваше, а Паноски во финишот. Тие имаа индивидуални тренинзи во паузата, а сега се заедно со екипата.

Двајцата можат успешно да одиграат на повеќе позиции. 

Од категоријата

ТРИ-ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА ПРВО МЕСТО!

Зоран Иге

ТРИУМФ НА ДЕСПИНА ЗА ПОГЛЕД КОН 4. МЕСТО!

Зоран Иге

ОД ПОБЕДА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе