Четврти ден се одвиваат тренинзите на Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, на игралиштето со вештачка трева и во вежбалница, во рамките на подготовките за претстојниот дел од фудбалската Прва лига на Македонија. Бројката фудбалери со кои работи Стручниот штаб, предводен од Благојче Дамевски постојано се зголемува, така што се приближува до 30. Во групата фудбалери е и Лука Трајкоски, 22-годишен играч кој досега беше во велешки Борец, претходно во Тиквеш и Македонија ЃП, а матичен клуб му е Победа. Се очекуваат и други нови, не само повратници ами и од странство, од Србија, Африка…
Деновиве ќе се знае околу евентуалните подготовки надвор од Прилеп.