Клубот Прилеп беше организатор на Пионерско шаховско првенство на Прилеп, со учество на 11 шахисти. Најдобар е Марко Бошески со максимални 10 поени.Ги победи сите противници. На табелата веднаш под него се Теодор Стоилов со 8, Матеј Бојчески и Андреј Печијарески со по 7,5 поени.
Имаше и брзопотеен турнир од серијата Гран-при. Беше напорно, бидејќи 14 шахисти одиграа по Бергеров систем, секој со секого. На крајот Горан Готовуша е над сите, со 3 реми, 10 победи и вкупно 11,5 поени. Под него на табелата се: ИМ Тони Кироски со 11, Дејан Ѓорѓиески, Кире Николоски и Мартин Николовски со по 9,5.