Заврши едномесечниот одмор за ракометарите на Прилеп. Вечерва (16 часот) е првиот собир и тренинг во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Следат подготовки за продолжението од Супер лигата за мажи, за плеј-аутот и борбата за опстанок. Од денеска па натаму ќе станува се појасно со кој играчки кадар ќе смета Стручниот штаб предводен од Реваз Чантурија.
Формата ќе се дотерува до 12 февруари, кога е почетокот на плеј-аутот, каде ривали се Јуниор КВ, Скопје и Голден арт (Скопје), Струга, Куманово, Радовиш, Вардар (Неготино). Првите пет места на табелата значат опстанок, шестото води во бараж-меч, седмото и осмото кон ранг подолу.