Од серијата пријателски, подготвителни мечеви на прволигашот Победа прв привлечен секако ќе биде против охридска Воска. Интересен е затоа што се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и оттука е прва можност за прилепските фудбалски љубители да го видат пред себе тимот на тренерот Благојче Дамевски. Воска е мошне солиден тим, третопласиран во есенскиот дел од Втората лига. Засега како термин за овој дуел се спомнува 2 февруари, четврток. Претходно треба да биде мечот на гости кај Охрид, в сабота, 28 јануари.
Пред ова што следува беа тестовите со Шкупи и Феризај, а до крајот на подготовките можни противници се Пелистер и Кожуф.