Владимир Дујовски (Брегалница Штип) и Оливер Стоименовски (Македонија ЃП) се најновите фудбалери кои и пристапија на Победа. Последниве денови од преодниот рок донесоа позитивни новости од прилепскиот прволигаш. Претходно потпишаа седуммина: Ване Јованов (Саса), Андреј Кудијан (Кожуф), Арменд Алиу (Гостивар), Лука Трајкоски (Борец), Василије Делибашиќ и Миодраг Петковиќ (Србија) и Салеем Фавахри (Израел). Така, бројката новодојдени е деветмина.
Утре (недела) во 13 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е последниот пријателски натпревар на Победа, со велешки Борец.