Фудбал

(ФОТО) ГЕНЕРАЛКАТА НА ПОБЕДА СО БОРЕЦ, ПРЕД РАБОТНИЧКИ!

Попладнево, по студено време, последен пријателски меч зимава, пред пролетниот првенствен старт, одиграа прволигашот Победа и второлигашот Борец. Стотина најверни фудбалски љубители на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ првпат годинава присуствуваа на тест-натпревар, во кој домашните доминираа, но сепак победија само со 2:1.

Во првото полувреме, кога Победа поведе рано со голот на Андреј Кудијан во 11. минута и постојано атакуваше, се доби впечаток дека резултатот ќе биде висок во полза на прволигашот. Веќе во 48. минута засилувањето Кудијан зголеми на 2:0. Но, имаше неколку промашувања, а и одбрани на голманот Александар Игески, прилепчанец на голот од Борец. Така, гостите во вториот дел почнаа да се ослободуваат од притисокот, а во самиот финиш со почесниот погодок на Марко Георгиевски  им успеа да се изборат за минимален пораз и со тоа да покажат дека имаат прогрес во однос на есенскиот дел.

ПОБЕДА: Котевски – Петковиќ, Стомнароски, Ѓурковиќ, Дујовски – Дадет, Алиу, Ј. Наумоски – Петејчук, Л. Трајкоски, Кудијан. Тренер: Благојче Дамевски. Играа уште: С. Спиркоски, Кисески – Илијоски, Хани, Стоимановски, Делибашиќ, Делен, Фавахри, Белески.

Следниот викенд, во рамките на Втората лига, Борец е гостин на Слога во Виница, а во Првата лига, Победа е домаќин на Работнички.

Од категоријата

(видео) НАЈАВА ОД ЅВЕЗДА: ПЛАНОТ Е УЧЕСТВО ВО ТРЕТАТА ЛИГА!

Зоран Иге

(фото) ВО ПРИЛЕП ШЕСТ ГОЛА ДО 51. МИНУТА, ПОТОА НИЕДЕН!

Зоран Иге

ДУЕЛ НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА ОД 13 ЧАСОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе