Пинг-понг

КРУШЕВЧАНКИ ПОДОБРИ ОД ГРКИНКА И КОСОВКИ

Забележителен настап имаа македонските претставници во првиот дел од Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“ во Прилеп. Во категоријата млади кадетки, 10-годишната Елена Марковска (Крушево) го освои златниот медал, пред Сара Хоџа (Косово), Блага Печинска (Берово) и Љубица Смилеска (Крушево). Триумф и во категоријата младинки, со златен медал за 15-годишната крушевчанка Софија Хасану (Младост 96, Прилеп), пред Ирини Христомидиу (Грција), Изабела Ковачовска (Берово) и Шега Хасани (Косово) која во иднина ќе настапува за прилепскиот клуб.

ПОБЕДНИЦИ ВО ДРУГИ КАТЕГОРИИ: Млади кадети Лазар Крстиќ (Србија), пред Олти Бехлули (Косово), Мартин Ристески (Младост 96) и Етиен Кошја (Албанија). Кадети Арон Кони (Албанија), Андреј Стојановски (Работнички, Скопје), Александар Андри (Србија), Христовалантис Сампали (Грција). Кадетки Ирини Христомиду (Грција), Георгиа Станоу (Грција), Несториа Христомиду (Грција), Моника Стајковска (Берово). Младинци Кејди Калаја (Албанија), Хрисовалантис Сампалис (Грција), Филип Ангела (Пелагонија, Битола), Антонио Аврамски (Берово).

Подоцна ќе се објават резултатите за сениорите и ветераните.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ОБЈАВЕН СОСТАВОТ КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ И ОВАА ГОДИНА КОН ПРВОТО МЕСТО!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ Е НА ЧЕКОР ДО ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе