Екипата Мега баскет со убедливи 70:54 го совлада Дибра иглс во Дебар, во 11. рунда на кошаркарската Трета лига Б-група. Сосема очекуван исход, ако се има предвид дека до мечот прилепскиот тим имаше 16 бода, дебарскиот 12, а нивниот дуел есеноска во Прилеп заврши со 29 разлика за домаќинот. Едноставно, разликата меѓу Мега баскет и ривалите е голема во ова првенство. Тимот на Стефан Стевананџија веќе има максимални 10 победи на 10 натпревара. Во следното коло дома е фаворит со скопската Спарта.
ТАБЕЛА: Мега баскет 20, Тетекс и Гостивар 2 по 16, ИБА баскет 15, Албес и Хераклеја по 14, Дибра иглс 13, Спарта 12, Љуботен 11.