Сепак, преодниот рок иако е пред крајот, не е сосема завршен. Тоа се гледа и од најновата информација од прволигашот Победа. Веста е дека од редовите на шампионот Шкупи дојдоа двајца фудбалери. Нов член на Победа е 18-годишниот младински репрезентативец Суфјан Чајани, додека на позајмица е бившиот младински репрезентативец 22-годишниот Бесник Ферати.
Управата на Победа ќе информира за уште некој нов фудбалер до крајот на неделава.