Попладнево (14 ч.) пак се полни Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, онака како што беше есеноска. Повод е стартот на пролетниот дел од Првата фудбалска лига на Македонија, со 19. рунда, во чија рамка е дуелот Победа – Рабтнички. Пресметката е во борбата за опстанок. Прилепскиот тим очекува голема поддршка од гледачите, кои на ваков меч чекаат долги 77 дена. Последниот беше Победа – Скопје (0:0) на 4 декември. ДЕНЕШНИ ДВОЈКИ: Победа – Работнички, Брегалница – Скопје, Шкупи – Шкендија, Македонија ЃП – Академија Пандев, Тиквеш – Струга.
ТАБЕЛА: Струга 37, Шкупи 34, Шкендија 28, Тиквеш и Силекс 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Победа 13, Академија Пандев 12. Скопје 11.