Екипата Мега баскет со 71:66 ја совлада Спарта, во 12. рунда на кошаркарската Трета лига Б-група. Вечерва можеби се очекуваше поубедлив триумф на прилепската екипа како лидер на табелата, но ривалот од Скопје иако претпоследен даде силен отпор во салата на ООУ “Добре Јованоски”. По четвртини беше 17:17, 16:13, 20:16 и 21:20. Иако Мега баскет водеше и со повеќе од 10-12 разлика, тензија имаше до последната минута. На крајот реални и заслужени 71:66. Ова е 11. победа на 11. меч, па Мега баскет на табелата води со 22 бода.
Во следното 13. коло Мега баскет е слободен, потоа во 14. коло му гостува на Албес во Скопје.