Победа даде достоен отпор во Тетово, против моќната Шкендија, од која е поразена со 1:0. Голот падна во 61. минута и е дело на Ералд Чинари. Не е сеедно за прилепскиот тим што загуби, но сепак резултатот не е висок. Борбата за опстанок продолжува.
ШКЕНДИЈА: Талески, Бејтулаи, Цаке, Чинари, Тотре (59. Музејиновиќ), Максимов, Дориев (35. Шала), Р. Рамадани, Велија, Ф. Рамадани (79. Ќака), Милев. Тренер: Ќатип Османи.
ПОБЕДА: Тофилоски, Хани (56. Чајани), Алиу, Кудијан (65. Делибашиќ), Дадет, Јованов, Аризанкоски, Стоименовски, Кофиловски, Ферати, Дујовски (78. Адили). Тренер: Благојче Дамевски.
РЕЗУЛТАТИ ОД 20. РУНДА: Шкендија – Победа 1:0, Скопје – Тиквеш 0:0, Струга – Македонија ЃП 0:0, Силекс – Шкупи 2:1, Работнички – Брегалница 0:1.
ТАБЕЛА: Струга 39, Шкупи 37, Шкендија 31, Силекс 29, Тиквеш 28, Брегалница 25, Македонија ЃП и Работнички 21. Академија Пандев 15. Победа и Скопје 13.
ИДНО 21. КОЛО (5 март во 14 ч.): Победа – Силекс, Работнички – Скопје, Брегалница – Шкендија, Шкупи – Академија Пандев, Македонија ЃП – Тиквеш.