Интересен фудбалски натпревар е денеска во 14 часот на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Во рамките на четвртфиналето од Купот на Македонија за жени, екипата на Деспина за противник ја има струмичка Тиверија. Се очекува голема борба за влез во полуфиналето, со оглед на тоа што Тиверија на третото и Деспина на четвртото место имаа ист број бодови – 24, на табелата од Првата женска лига.
ДРУГИ ДУЕЛИ: Љуботен – Топ гол, Шкендија – Атлетико, Саса – Скопје.