Неизвесно беше до крајот на натпреварот Скопје – Деспина, од првото пролетно коло на плеј-аутот од женската Супер лига. Во салата „Форца“ иако домашните водеа 15:12 на полувремето, на крајот само гол одлучи, 27:26 во полза на Скопје. Во следното коло Деспина дома игра со Гевгелија.
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Деспина 27:26, Шампион – Астибо 20:20, Гевгелија – Кузман Вардар 32:20. ТАБЕЛА: Шампион 16 бода, Скопје 13, Гевгелија 12, Астибо 10, Деспина 9, Спартак 1, Кузман Вардар 0.