Вчера почнатиот трет круг од Првата фудбалска лига на Македонија, денеска продолжува. Во Штип се игра мечот Брегалница – Победа. Ако се погледне формата и изгледот на табелата, домашните се фаворити и со право очекуваат триумф. Но, гостите имаат право на надеж, ако се земе предвид како поминаа претходните два дуела. Потсетуваме, во Прилеп на 11 септември беше 1:0 за Победа, а во Штип на 11 декември беше нерешено 2:2.
БРЕГАЛНИЦА: Шкекиќ, Мојсов, Ристевски, Ѓорѓиев, Николов, Додев, Андонов, Алтипармаковски, Левалива, Силјановски, Калпачки. Тренер: Анѓел Темелков.
ПОБЕДА: Котевски, Стомнароски, Паноски, Делибашиќ, Адили, Трајкоски, Чајани, Наумоски, Ѓурковиќ, Дујовски, Фавахри. Тренер: Благојче Дамевски.
Од 23. рунда вчера беше мечот Силекс – Скопје 3:1, а денеска (14 ч.) играат: Брегалница – Победа, Струга – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Шкендија – Академија Пандев. ТАБЕЛА: Струга 42, Шкупи 38, Шкендија и Силекс 35, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.