Вечерва се игра 6. рунда од плеј-аутот на машката Супер лига. Во тие рамки е дербито Прилеп – Куманово. Ова е меѓу најжестоките дуели во оваа група, со оглед на пласманот – Прилеп на третото место со 11 бода, Куманово на првото со 16. Куманово има максимални пет победи, па задачата на Прилеп е да му го нанесе првиот пораз. Судии се Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, делегат Васил Чавдаров од Богданци. ДРУГИ ДВОЈКИ: Струга – Радовиш, Скопје – Голден арт, Вардар – Јуниор КВ. ТАБЕЛА: Куманово 16, Голден арт 12, Прилеп 11, Скопје 9, Јуниор КВ и Вардар по 7, Струга 6, Радовиш 2.
Мечот Прилеп – Куманово вечерва во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е во 20 часот.