Во 17. рунда од кошаркарската Трета лига Б-група, прилепски Мега баскет со високи 92:69 славеше над битолската Хераклеја. Во салата на ООУ „Добре Јованоски“ домашниот тим убедливо ги доби првата и втората четвртина, со 28:22 и 28:16, а во третата и четвртата разликата беше помала, 18:17 и 18:14.
Значи, се беше решено во првото полувреме. Прилепскиот тим се врати на победничкиот колосек, по минатонеделниот пораз во Тетово. Мега баскет покажа зошто во ова првенство е лидер на табелата и со амбиција за пласман во повисокиот ранг.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија, Петрески, Здравески, Кузманоски, Станимировиќ, Крстески, Јаневски, Костоски, Стојчески, Јовчески, Дејан Трајкоски, Давор Трајкоски. Тренер: Стефан Стевананџија.
ХЕРАКЛЕЈА; Ѓорѓиевски, Попов, Сердаров, Гулевски, Махмуди, Кочовски, Трајковски, Марков, Тодоровски, Илиев. Тренер: Михаил Трајковски.
РЕЗУЛТАТ: Мега баскет – Хераклеја 92:69. Утре се игра Спарта – Љуботен, вторник Дибра иглс – Гостивар 2. ТАБЕЛА: Мега баскет 25, Тетекс 23, Гостивар 20, ИБА баскет, Хераклеја и Дибра иглс 18, Спарта 17, Љуботен 12. ПОСЛЕДНО 18. КОЛО (8 април): Љуботен – Мега баскет, Гостивар 2 – Спарта, Тетекс – ИБА баскет.