Изненадување приреди екипата Победа во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија за младинци. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп, Победа – Академија Пандев 3:0. Не само што е изненадување победата на прилепскиот тим, туку, пред се, високиот резултат, бидејќи на табелата од Младинската супер лига струмичка Академија Пандев е на 2. место со 35 бода, Победа на 8. со 21.
Победа, реално, беше многу подобар тим денеска. Уште во првото полувреме создаде неколку убави шанси, неискористени. Во вториот дел паднаа сите три гола. Стрелци: Димитри Кочоски во 58., Дино Варошаноски во 81. и Даниел Нанчески во 90. минута. Победа се пласира во полуфиналето, каде ќе бидат и победниците од другите дуели: Пелистер – Шкендија, Ренова – Работнички и Осогово – Македонија ЃП.
ПОБЕДА: Мариновски, Димоски, Миланоски (72. Нанчески), Богевски, Кочоски, Аризанкоски, Трајкоски (72. Петејчук), Варошаноски (83. Табаковиќ), Кофиловски, Ѓорчески (89. Ивчески), Дебрешлиоски (83. Крстески). Тренер: Филип Мирчески.
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Љ. Џеков, Велков, Митрев (71. Митев), Ѓ. Џеков, Христовски, Тасев (46. Рифадов), Терзиев, Нејковски, Костов (78. Киров), Атанасов (78. Ѓорѓиев), Талески. Тренер: Тони Атанасов.
ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈОТ Е НА ;ЛИНКОТ: