Победа со триумфот од 3:0 врз Академија Пандев се пласира во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија за младинци, а во оваа фаза се уште екипите Шкендија, Работнички и Македонија ЃП. Еве ги резултатите: Пелистер – Шкендија 1:1 на пенали 1:3, Ренова – Работнички 2:3 и Осогово – Македонија ЃП 1:1 на пенали 1:3. Се очекува ждрепката и датумот за полуфиналето.
Во меѓувреме, викендов е следното коло од Младинската супер лига: Брегалница – Победа, Охрид – Вардар, Работнички – Македонија ЃП, Шкендија – Шкупи, Куманова – Академија Пандев, Кул здравје – Пелистер.
. .