Во оваа фаза од Првата фудбалска лига на Македонија, претежно, нема дерби-мечеви на екипите од горниот дел од табелата, или на тие од долниот дел, така што тие дуели се предвидени за самата завршница. Затоа се среќаваат фаворити против аутсајдери. Меѓутоа, во минатото коло се случи изненадување, кога претпоследното Скопје со 1:0 на гости го совлада второпласираното Шкупи, актуелен шампион. Во фудбалот ништо никогаш не е сигурно. Дали и денеска ќе има ново изненадување? Скопје дома игра со лидерот Струга, Победа го чека Шкупи.
ДЕНЕШНО 26. КОЛО во 15 ч.: Победа – Шкупи, Брегалница – Македонија ЃП, Тиквеш – Силекс, Скопје – Струга, Академија Пандев – Работнички. ТАБЕЛА: Струга 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница и Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 17, Победа 13.