Кошарка

(фото) КОШАРКАТА СО ПУБЛИКА ГО НАДМИНА ФУДБАЛОТ ВО ПРИЛЕП!

На првиот четвртфинален меч од плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет со 109:39 го совлада Младинец. Прилепскиот тим беше за класи подобар од скопскиот. По четвртини: 30:12, 21:12, 31:5, 27:10. Публиката во салата на ООУ „Добре Јованоски“ можеше да се увери во силата на Мега баскет, кандидатот за повисок ранг. Речиси никогаш не се случило, но вечерва кошарката имаше повеќе гледачи отколку фудбалот во Прилеп, на последниот прволигашки натпревар дома. Вечерашниот кошаркарски дуел го гледаа околу 400-500 гледачи, толку колку што собира училишната сала.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 19, Петрески 2,  Здравевски 16, Митрески 20,  Станимировиќ 2, Крстески 11, Јаневски 13, Чакрески 4, Стојчески 3, Домлевски 5, Дејан Трајкоски 8, Кузманоски 6. Тренер: Стефан Стевананџија.

МЛАДИНЕЦ: Христов 13, Јанковски 10, Трпчевски 2, Поповски 3, Јордановски, Савески 11, Ѓошевски, Симоновски, Николовски, Митрев. Тренер: Ристо Јаневски.

 

Се игра до два добиени меча. Реваншот е в среда во Скопје

Од категоријата

ПРИЛЕП: ГОСТИТЕ ДОАЃААТ СО „ТРОЈКАШОТ“ ОД 25 МЕТРИ, А ДОМАШНИТЕ СЕ БЕЗ КАПИТЕНОТ!

Зоран Иге

СЕ НАЅИРА РИВАЛОТ НА МЕГА БАСКЕТ ЗА ПРЕСУДНИОТ ДУЕЛ!

Зоран Иге

РАМНО ДВАЕСЕТ РАЗЛИКА ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе