Првите четвртфинални натпревари од плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија беа доволни за да се насети кои екипи ќе бидат ривали во полуфиналето, т.е. во фазата каде победникот добива статус второлигаш. Во првата линија Тетекс службено ја доби Струмица и без натпревар го чека подобриот од Феникс баскет – Спарта. На првиот меч Феникс дома победи со 77:67. Во втората линија Мега баскет речиси сигурно дека е полуфиналист, со оглед на триумфот дома со 109:39 врз Младинец. Можен ривал на прилепскиот тим е Маџари, со оглед на високата победа од 80:56 над Гостивар 2.
ВТОРИ НАТПРЕВАРИ: Гостивар 2 – Маџари (среда 19,30 ч.), Младинец – Мега баскет (среда 20,30 ч.), Спарта – Феникс баскет (четврток 12 ч.)