И реваншот од четвртфиналето на плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија го доби Мега баскет, против Младинец. Вечерва во Скопје, Младинец – Мега баскет 49:65. Прилепскиот тим оди во полуфиналето, со оглед и на претходната победа дома, со 109:39. Веќе се знае и противникот, пречката што мора да се помине за да се стигне до повисокиот ранг. Тоа е екипата Маџари. Вечерва во Гостивар, Гостивар 2 – Маџари 56:74, а претходно во Скопје беше 80:56 за Маџари. Така, на 6 мај во Прилеп ќе се сретнат Мега баскет – Маџари.
Второто полуфинале ќе биде познато утревечер или в сабота, со добивањето поуспешен од дуелот Феникс баскет – Спарта против Тетекс, тим кој без борба стана полуфиналист.