Поради важноста на мечот Мега баскет – Маџари (в недела од 17 часот) се очекува рекорден број публика во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Трибината собира 400-500 гледачи, а интересот е поголем од овие бројки. Затоа произлезе идеја за поставување редови столчиња зад двата коша за и таму да има публика. Така би имало уште поубав амбиент. Меѓутоа, пред реализација на идејата се разгледуваше квалитетот на подлогата, дали таа е адекватна за поставување на неа редови столчиња.
Поуспешниот (тимот со две победи) од овој полуфинален меч на плеј-офот од Третата кошаркарска лига, станува второлигаш.