Прилеп не го совлада скопски Јуниор КВ, но освои значаен бод, по ремито 24:24, синоќа во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Голот во последната секунда на левото крило Христи Бикоски води кон опстанок, со оглед на тоа што целта е пласманот до 5. место на плеј-аут табелата од Супер лигата. Таму Прилеп има 21 бод, а шестиот Вардар 16, а остануваат само уште две кола. Најефикасни на последниот дуел беа Давор Шокоски со 13 гола, Мириани Гавашелишвили со 6.
РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Јуниор КВ 24:24, Радовиш – Голден арт 29:37, Струга – Вардар 41:30, Скопје – Куманово 30:23. ТАБЕЛА: Голден арт 30, Струга 24, Куманово 23, Прилеп и Скопје 21, Вардар 16, Јуниор КВ 15, Радовиш 2.
СЛЕДНО 13. КОЛО (21 мај): Куманово – Прилеп, Голден арт – Скопје, Радовиш – Струга, јуниор КВ – Вардар.,