Екипата Маџари е во предност со вчерашната победа од 83:79 над Мега баскет во Прилеп, по првиот меч од полуфиналето на плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија. Но, ништо не е готово, со оглед на тоа што претстои реванш на овие две по квалитет рамноправни екипи. Тој втор меч е закажан за в среда во 18 часот во Скопје, во салата „Наум Наумовски – Борче“.
На второто полуфинале Тетекс со 68:63 го совлада Феникс во Скопје, па со предност го чека реваншот во Тетово.