Дуелот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, Скопје – Деспина и припадна на гостинската екипа со 2:0. Стрелци: Никица Трендова и Катерина Милеска. Трите бода имаат вредност затоа што со нив прилепскиот тим кој има 34 бода е со шанси да се искачи до 4. место на табелата, каде сега е струшкиот Ас унитед со 36 бода. Во останатите кола до крајот Деспина прво е слободна, потоа му гостува на Истатов во Скопје, па дома игра со Шкендија, додека екипата Ас унитед дома игра со Скопје, потоа гостува на Тиверија, а на крајот е слободна.
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Деспина 0:2, Саса – Ас унитед 2:0, Борец – Тиверија 0:10, Истатов – Љуботен 0:1, Шкендија – Кочани денеска.
ТАБЕЛА: Љуботен 47, Саса 46, Тиверија 40, Ас унитед 36, Деспина 34, Скопје 29, Истатов 21, Речица 10, Шкендија 7, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0.
СЛЕДНО КОЛО: Деспина слободна, Ас унитед – Скопје, Речица – Истатов, Љуботен – Шкендија, Кочани – Борец, Тиверија – Саса.