Денеска (16 ч.) пак се очекува многу публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Се игра финалето од плеј-офот за првак на А-лигата од ОФС Прилеп, Стрела (Ерековци) – Кадица (Забрчани). И двата тима во полуфиналето победија идентично, со по 2:0, Стрела против Мукос (Дреновци), Кадица со Влазними (Пресил). Победникот од денешниот дуел станува третолигаш, т.е. има право на учество во Третата лига – Југ..
За денеска главен судија е одреден Кирил Смоквоски, за помошници Марјан Смилкоски и Иле Мишески.