Синоќа Прилеп со 31:25 го совлада Голден арт, за убава завршница на првенството во Супер лигата, во кое обезбеди опстанок. Меѓутоа, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ мечот го одбележа и врачувањето на пригодни подароци од страна на спортскиот директор Горан Стојаноски на бековите Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили.
На овој начин клубот Прилеп им се заблагодарува на нивниот придонес кон досегашните резултати и им пожелува натамошна успешна кариера. Всушност, станува збор за разделба со нив. Засега не се знае во која нова средина со оглед на повеќето понуди, но заминувањето е сигурно.
Шокоски има 25 години, а Гавашелишвили 23.