70 години ракомет во Прилеп

БОРБА ЗА ТИТУЛА ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРВЕНСТВОТО!?

Насловот е чуден и се однесува на настаните помеѓу два ракометни натпреварувачки система, летото 1992 година. Тогаш сите македонски екипи го напуштија системот од федеративната држава Југославија, а го прифатија новиот систем од новата самостојна држава Македонија. Првиот беше завршен, вториот непочнат. А поради надежта од можноста за настап на меѓународната сцена, на ниво на ЕХФ, произлезе потребата од брзо добивање шампиони на Македонија. Затоа се наметна скратен летен систем од плеј-оф натпревари.

Во машка конкуренција учествуваа: Пелистер (Битола), Вардар (Скопје) дотогашни членови на Првата југословенска лига, Тутунски комбинат (Прилеп) – првак на Втората југословенска лига – Исток и Југ (Скопје) – првак на Републичката лига на Македонија. Во полуфиналето Вардар беше подобар од Југ, Тутунски од Пелистер, па во финалето се сретнаа Вардар и Тутунски. Беше невидена борба. Во Скопје Вардар дури по продолжението победи 31:29, во Прилеп Тутунски победи 27:25. На „мајсторката“ во Скопје беше 22:19 за Вардар до 59. минута, кога настана инцидент и прекин, па службена регистрација на мечот со 10:0 за Вардар.

Во женска конкуренција учествуваа само двата најдобри македонски тима, Ѓорче Петров (Скопје) – дотогашен член на Првата југословенска лига и Тутунски комбинат (Прилеп) – шестопласиран во Втората југословенска лига – Југ. Во финалето, Ѓорче Петров во Скопје победи со 28:18, во Прилеп со 22:18. Според тоа, прилепските тимови и во машка и во женска конкуренција беа вицешампиони на Македонија.

Успеси имаше и во Купот на Македонија, каде машкиот Тутунски стигна до полуфиналето каде загуби од Куманово, а женскиот Тутунски до финалето беше поразен од шампионот Ѓорче Петров.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИТЕ ДРЕСОВИ ГИ ИСПЛАШИЈА ГОСТИТЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО 8 ПОБЕДИ ВО ЕВРОПА!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП ДОЈДЕ НАЈДОБРАТА СВЕТСКА РАКОМЕТАРКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе