Фудбал

ДЕНЕСКА УБАВ КРАЈ НА СЕЗОНАТА!

Денеска е последното, 22. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, во кое Деспина игра со тетовска Шкендија. Мечот е од 16 часот на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Дуелот не решава ништо за распоредот на табелата, бидејќи Шкендија е зацврстена на 9. место, Деспина на 4. Без никакво оптоварување е дуелот и може да се очекува убава, отворена игра, со многу голови.

НАТПРЕВАРИ: Деспина – Шкендија, Скопје – Истатов, Речица – Борец, Љуботен – Саса, Кочани – Тиверија. ТАБЕЛА: Љуботен 53, Саса 50, Тиверија 44, Деспина 37, Ас унитед 36, Скопје 32, Истатов 21, Речица 16, Шкендија 10, Кочани 5, Борец 3, Кул здравје 0.

Денеска прилепските љубители на фудбалот има што да видат и на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, каде се дуелите Победа – Македонија ЃП, помалите пионери од 13, постарите од 15 часот.

 

Од категоријата

(видео) ПОВИК ДО СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОЧНУВААТ ПО ОДОМОРОТ ОД 112 ДЕНА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НОВ ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе