Завршија сите сениорски фудбалски првенства (од Првата до општинските лиги), денеска завршуваат младинските категории, но тука не е крајот. Како и секое лето, Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп организира систем-натпревари за добивање Куп-победник. Вклучени се 7 екипи, кои ќе почнат од четвртфинале, потоа полуфинале и од финалето се добива најдобриот тим кој продолжува натаму во Купот на Македонија.
Според распоредот од четвртфиналето, се среќаваат: Стрела (Ерековци) – Боротино, Братство (Големо Коњари) – Влазними јуниор (Пресил) и Црвена ѕвезда (Сенокос) – Гарван (Десово). Слободен е Питу Гули (Крушево).
Четвртфиналето е в недела од 16 часот.