Во прилепскиот женски ракомет, ако во рамките на некогашната Југославија клуб со најголеми постигнувања е Тутунски комбинат, во периодот на самостојна Македонија тоа е Жито Прилеп. Овој клуб иако постоеше само пет години, зеде учество на европската сцена, одигрувајќи 18 меча. Доживеа 10 пораза, постигна 8 победи.
Дебито беше на 2 октомври 2009 година, во групата од 2. рунда на Челенџ-купот. Во салата „Македонија“ беа одиграни мечевите со Днепрајанка (Украина) 16:28, Мегас Александрос (Грција) 10:0 сл., и Астра (Ирска) 34:14. На првиот дуел настапија: Александра Стојков, Марија Петлеска, Менче Божиноска 1, Светлана Шишкова, Симона Ѓорѓиевска 1, Емилија Дукоска, Моника Ристовска 1, Софија Аџулеска 2, Цветанка Попова 7, Ирена Петрова 1, Оливера Паризоска, Марија Барлакоска, Цветанка Срњакова 3, Марија Когој, а тренер беше Рубин Кузманоски. Во 3. рунда беа дуелите со Барош (Португалија) 18:24 и 19:27. И следната сезона настапите беа во Челенџ-купот. Во 16-финалето беше победата над Арион (Грција) 10:0 сл., а во осминафиналето со Мио бигано (Франција) 19:28 и 23:41.
Во наредната сезона беше учеството во Купот на куп-победниците. Во 1. коло беа натпреварите со Гарлиава (Литванија) 22:19 и 37:30. Во 2. коло прилепскиот тим се сретна со Бритерм (Чешка) 17:24 и 25:18. Во истиот куп се настапи и следната сезона. Прво, во 2. коло беа дуелите со Лундагард (Шведска) 31:25 и 22:20, а во 3. коло со Иси Париз (Франција) 17:31 и 21:35.
На крајот, на 16 ноември 2013 година се случи учеството во 3. рунда од ЕХФ-купот. Дуелите беа со Гепинген (Германија) 12:31 и 8:38.
Меѓу ракометарките на Жито Прилеп имаше и освојувачки на олимписки медал, Црногорките Биљана Павичевиќ и Андреа Кликовац.