И за фудбалските љубители од Прилеп има натпревар што можат да го гледаат. Тоа е полуфиналниот меч за Купот на Македонија за територијата од ОФС Прилеп, Црвена ѕвезда (Сенокос) – Стрела (Ерековци). Се игра в среда од 16 часот, на теренот кај Могилата. Второто полуфинале се игра во Пресил, помеѓу Влазними јуниор и Питу Гули (Крушево).
Финалето е в сабота или в недела.