По двонеделни борби вечерва заврши турнирот во мал фудбал – футсал „Лажани футсал куп“. Победник е екипата Дино 99 (младинци од Победа) која во финалето по изведувањето пенали го совлада Леарт комерц со 4:3. Во основниот дел беше нерешено 2:2.
Пред многу народ на игралиштето во Лажани (како да се играше на стадион), во мечот за третото место Панорама го победи Црнилиште. Така, редоследот на најдобрите е: Дино 99, Леарт комерц, Панорама, Црнилиште. Учествуваа 16 екипи.
Турнирот овозможи богат фонд награди. Покрај пехар и медали за најдобрите екипи и поединци, имаше и парични награди – 1000 евра за победникот, 600 евра за второпласираниот тим, 400 евра за третиот.
СНИМКАТА ОД ФИНАЛЕТО Е НА ЛИНКОТ: