Рано е за старт на подготовките на второлигашот Победа, но време е барем за одредување датум за првиот собир. Засега само отприлика се знае дека ќе биде во почетокот од јули.
Дотогаш се очекуваат вести во врска со тоа кој ќе биде шеф на Стручниот штаб, кои играчи заминуваат или остануваат, кои доаѓаат. Меѓутоа, првенствено треба да се разјасни дали ќе има новости во врска со УО, со луѓето што го водат клубот. Низ градот се слушаат разни комбинации, но ниедна не е сигурна се додека не биде објавена како официјална.
На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е мирно, а само повремено четири-пет прилепчани – играчи и тренери во други градови, одржуваат рекреативни тренинзи.