Иако речиси цел месец се најавуваше дека ќе има освежување во редовите на раководството на Победа, тоа, сосема извесно, нема да се случи. Нема службени информации, но од свои извори дознаваме дека не бил најден заеднички јазик на новите со досегашните. Така, сета тежина за организација на клубот, сиот товар пак паѓа врз актуелното раководство, со надеж за ново изнаоѓање финансиска поддршка. Претстои првенството во Втората лига, ранг што не е за потценување, па останува да се види кои ќе бидат амбициите, кои можностите.
Деновиве би требало да има информација за новиот шеф на Стручниот штаб, за датумот на првиот собир, за промените во играчкиот кадар.