Како што дознаваме, името на новиот шеф на Стручниот штаб на Победа официјално ќе биде објавено деновиве. Клубот, по преговорите, мошне блиску е до одлуката, само останува да ја соопшти. Се работи за млад, вреден и амбициозен стручњак, со минат стаж во клубот. Во врска со играчкиот кадар, второлигашот е во преговори со тие кои со квалитет заслужуваат да останат, а и со такви што им се нуди да се приклучат во преодниот рок. За одбележување е што имало контакти со прилепчани кои пролетоска настапуваа во други клубови.
Според наши сознанија, значајни се и активностите во насока за подобрување на финансиската состојба. Остварени биле многубројни средби со приватни компании, понудена соработка во повеќе форми, во кои може да се најде заедничкиот интерес. Деновиве се почесто може да се слушне големата благодарност од клубот до Стопанската комора.
Симпатизерите ќе можат да бидат поблиску до новостите од Победа во јули, по првиот тренинг на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.