Деновиве се зборуваше дека има шанса да останат и натаму во екипата на Победа квалитетните фудбалери кои настапуваа пролетоска. Од клубот веќе потврдија дека и наесен може да се смета на стоперот Филип Стомнароски и за врска Јорданчо Наумоски. Тие се меѓу дваесетината првотимци пред кои се подготовките за Втората лига. Од денеска тренинзи има по двапати дневно.
Во врска со пријателските натпревари, покрај Караорман, Новаци, Вардар Неготино, Пелистер, можен ривал е и Тетекс.