По веста дека за Победа и во Втората лига остануваат да одиграат стоперот Филип Стомнароски и за врска Јорданчо Наумоски, приврзаниците на клубот се пријатно изненадени од појавувањето на нoв голман и напаѓач. Новиот голман е Иван Николоски (Беласица), напаѓачот е Беким Алимоски (Питу Гули). Станува збор за млади, 20-годишни фудбалери, кои потекнуваат од Победа.Победа тренира по двапати дневно, а до крајот на неделава можно е да се одигра првиот контролен меч.
претходна објава
следна објава